Поврзете се со нас

Формула 1

Гасли за договорот на Хамилтон со Ферари: Тоа беше добро чувана тајна…

Објавено

на

Пјер Гасли денеска бил дел од промоцијата на новиот болид на Алпин, а новинарите не пропуштиле можност да побараат негово мислење за најавеното заминување на Луис Хамилтон од Мерцедес во редовите на Ферари.

Британецот уште една сезона ќе биде член на германскиот тим, по што ќе си ја оствари желбата да вози болид на Скудерија во финишот на кариерата.

Гасли е одличен пријател со идниот тимски колега на Хамилтон, Шарл Леклер, но исто така е во добри односи со британскиот пилот.

– Луис се ближи кон крајот на кариерата, па ситуацијата е „сега или никогаш“.

– Но, мислам дека ова е добро чувана тајна подолг период, рекол Гасли, кој не сакал да открие како дознал за „трансферот“.

– Карлос (Саинц) е одличен возач, Луис е фантастичен, најдобар на сите времиња. Постоела можност за двете страни, па Ферари и Хамилтон ја искористиле, Карлос сега е во незгодна позиција и сигурно не му е лесно, – истакнал Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни