Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Галтие за „анти-планот“ на Баерн: Го имаме најдобриот во светот

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Томас Милер на прес-конференцијата во Минхен говореше дека Баерн има подготвено специјален „анти-план“ за Килијан Мбапе за кого баварците сметаат дека е играчот кој прави главна разлика за ПСЖ, со напомена дека верува во позитивен исход во кој Французинот нема да ужива на „Алијанц арена“.

Ваквата сигурна изјава на Милер може да биде предмет за доста реакции по крајот на мечот, но пред да дојде до тоа, своја најава имаше и Кристоф Галтие, кој е свесен дека противникот посебно ќе се концентрира на Французинот кој за него е убедливо најдобар напаѓач во светот.

– Кога го имаш најдобриот во светот, кога го имаше најдобриот голгетер во светот, нормално е противникот да се фокусира на се она што тој го прави на теренот.

– Кога имате таков фудбалер, како тренер не може да се адаптирате на него, мора дефанзивата да се адаптира на него. Нормално дека Мбапе ја менува нашата игра и тоа сите го знаеме.

– Сите вакви натпревари се клучни за една сезона. На крајот сигурно ќе има победник и губитник и такви се работите во овој спорт. Мора да бидеме многу поагресивни од првиот меч, ако играме така, ќе имаме шанси за пласман во следната фаза, – изјави Галтие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни