Поврзете се со нас

Франција

Галтие откри дека голот за осум секунди на ПСЖ не бил случајност

Објавено

на

Победата на ПСЖ над Лил беше најавена со гол постигнат уште по осум секунди, а одличната акција на гостите била објаснета и од тренерот Кристоф Галтие.

Меси одлично го пронајде Мбапе, кој немаше проблем да го совлада Жардим, а подоцна ПСЖ постигна шест гола во мрежата на домаќините.

Тренерот Галтие вели дека атрактивната акција за 0:1 била однапред предвидена и донела успех.

– Работевме на таа акција. Ја видовме како се користи во други лиги, но и на натпревар на нашите младинци на дуелот со Салцбург во Лигата на шампионите минатата сезона.

– Јасно е дека е добро кога вака ќе заврши, честитки за фудбалерите кои се решија и успеаја да стигнат до целта. Голот сигурно му наштети на противникот, подоцна се беше полесно, – изјавил Галтие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни