Поврзете се со нас

Франција

Галтие лут на новинарите: И онака не слушате што зборувам

Објавено

на

ПСЖ постојано го привлекува вниманието на медиумите со различни шпекулации поврзани не само со Килијан Мбапе, туку и други теми кои се однесуваат на раководството.

Тренерот Кристоф Галтие не може да ги дефокусира новинарите со фудбалски теми, а на денешната прес-конференција покажал дека е лут на претставниците на медиумите.

– Никогаш не ме прашувате работи кои се поврзани со фудбалот и натпреварите. Една минута зборуваме за фудбал, а другите петнаесет само за други работи.

– Очигледно не ме слушате што зборувам, па и кога ме слушате, пишувате спротивно од тоа што го кажувам.

– Пишувате за Мбапе, но тој покажа каков професионалец е и на натпреварот со Бенфика, на кој беше прогласен за МВП. Сакате да слушнете лоши вести, но во нашата соблекувална се случуваат и убави работи, – изјавил Галтие.

ПСЖ се подготвува за големото дерби со Олимпик Марсеј кое е на програмата во недела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни