Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Галтие ја детектираше причината поради која Јувентус остана без осминафинале во ЛШ

Објавено

на

Јувентус и ПСЖ со различни амбиции го дочекуваат меѓусебниот дуел во Торино, а гостите се во многу подобра позиција бидејќи веќе обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Италијанскиот клуб по подолго време остана без нокаут фазата, а повторно има голем број проблеми со повредените играчи. Противничкиот тренер Кристоф Галтие смета дека тоа била и главната причина што Јуве не може да се бори за место во нокаут фазата во последната рунда.

– Мислам дека на Јувентус му беа потребни фудбалерите кои недостасуваа поради сериозни повреди.

– За вакви натпревари тие се неопходни, а отсуството на играчи како Погба и Киеза беше пресудно. Постоеше една алка на отсуства која го ослабе Јувентус на теренот, но и ментално.

– Тоа им се случува од почетокот на сезоната и тоа е главната причина што Јувентус нема да игра осминафинале, – изјавил Галтие кој најави игра за победа бидејќи ПСЖ го брка првото место во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни