Поврзете се со нас

Италија

Галеоне сака да го види Алегри во Премиер лигата: Тој е перфектен за…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Juventus

Масимилијано Алегри е еден од најценетите италијански тренери, ас со многу титули зад себе пред се на кормилото на Јувентус.

Тој го тера вториот мандат на клупата на „бјанконерите“ со тоа што останува отворено прашањето дали ќе остане на клупата и по крајот на актуелнава сезона. Јувентус има драстичен пад на формата во последно време и ќе мора да внимава да не биде загрозен топ 4 пласманот, односно местата кои водат во Лигата на шампионите.

Џовани Галеоне како поранешен тренер и добар пријател на Макс сака тој да биде успешен, но во исто време верува дека Алегри може да „згрми“ и надвор од Италија и тоа во Премиер лигата во тимови како Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

-До пред некое време би му рекол да остане. Сега,сепак би му кажал дека е време да бара успех во странство, како што тоа го направија Капело и Анчелоти по толку многу успеси во Италија. Алегри тренираше и триумфираше со Милан и Јувентус.

-Тој е во осмата сезона со Јувентус и само Трапатони има повеќе настапи од него. Не го гледам Макс во Арабија, но тој би бил совршен за Премиер лигата. Следното лето ќе биде лето на големи промени низ Европа, мислам дека Макс би се снашол многу добро во Ливерпул после Клоп или во Манчестер Јунајтед, -порача Галеоне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни