Поврзете се со нас

Франција

Французите го открија идентитетот на фудбалерот на Ница кој се заканува со фрлање од мост (Фото)

Објавено

на

Foto:ogcnice.com

Угледните француски медиуми ова утро пренесоа шокантна информација за познат првотимец од редовите на Ница, а иако минаа неколку часа, драмата се уште не е целосно решена.

Иако првично се криеше идентитетот на фудбалерот, „Радио Монте Карло“ потоа објави дека се работи за младиот фудбалер Алексис Бека Бека, кој ова утро го сопрел автомобилот на автопатот во близина на Ница и почнал да се заканува дека ќе се фрли од мост кој е висок стотина метри.

До овој момент, Бека Бека водел повеќе разговори со полицијата, војската и пожарникарите, а на лице место бил доведен и психолог за да го оттргне фудбалерот од самоубиствените мисли.

„Радио Монте Карло“ од минута во минута известува за шокантното случување и открива дека сите служби се уште се на место на настанот, што значи дека Бека Бека не е тргнат од опасното место.

Според пишувања и објавените фотографии, Бека Бека ја прескокнал оградата и само еден чекор го дели од скок од мостот, па сега цела Франција се моли дека оваа драма ќе заврши со успешен крај и дека играчот на Ница ќе биде вратен на безбедно место.

Бека Бека има 22 години и засега непознати се причините за ваквите суицидни обиди, а во меѓувреме беше и демантирана сторијата која велеше дека ова е резултат на неодамнешниот раскин со девојката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни