Поврзете се со нас

Европски првенства

Франција употреби идентичен „скандинавски рецепт“ за Данска и преку продолженија стигна до злато на Европското првенство

Објавено

на

Ракометната репрезентација на Франција се покажува како специјалист за игра против скандинавските екипи на ова Европско првенство, бидејќи откако по продолженија ја совлада Шведска во полуфиналето, сега истиот рецепт го примени и против Данска.

„Триклорите“ речиси цело време бркаа резултат против актуелниот светски првак и Данска на минута пред крајот имаше напад за плус два, но откако не го искористи, Фабрегас на спротивната страна постигна гол за 27:27 и мечот отиде во дополнителни 10 минути игра.

Претходно, финалето беше крајно израмнето и двата тима си имаа свои серии, но иако впечатокот беше дека Данска е поблиску до златото поради тоа што го диктираше темпото, на крајот потклекна во клучните моменти.

На скандинавците не им помогнаа ниту 16-те одбрани на голманот Нилсен кој беше прогласен за МВП играч во финалето, а херои на Данска се голманот Беласен со 11 одбрани, Фабрегас со осум голови, како и Ремили со пет реализации.

Французите употребија идентичен „скандинавски рецепт“ во дополнителните 10 минути игра и покажаа карактер во овој дел од играта, па на крајот со триумфот од 33:31 стигнаа до своето четврто злато на 16-то Европско првенство во ракомет.

За Данска мала утеха ќе биде освоеното сребро на овој шампионат, а истото важи и за Микел Хансен кој со своите девет погодоци денеска стана најдобар голгетер во историјата на Европските првенства (296), надминувајќи го Никола Карабатиќ кој денеска не постигна ниту еден и остана на 295. Во данските редови, втор најдобар голгетер беше Гидсел со осум погодоци.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни