Поврзете се со нас

Боречки спортови

Фјури ќе се соочи со ММА ѕвезда во рингот: Ова нема да биде егзибициски дуел

Објавено

на

Тајсон Фјури го потврди невообичаеното соочување со ММА ѕвездата Френсис Нгану, кое ќе се одржи на 28. октомври во Саудиска Арабија.

Британскиот боксер кој е светски шампион во тешка категорија го прифатил соочувањето со поранешниот УФЦ шампион во истата категорија, а инсистира дека ова ќе биде сериозна борба.

– Ова нема да биде егзибициска борба и ќе се одвива според официјалните бокс правила и со тројца судии покрај рингот.

– Знам дека тој важи за најсилен удирач во светот, но да видиме како ќе реагира кога ќе биде удрен од „Џипси Кинг“, – изјавил Фјури алудирајќи на својот прекар.

Фјури нема да го брани ВБЦ појасот во Ријад, но добил специјална дозвола за борбата со Нгану.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни