Поврзете се со нас

Боречки спортови

Фјури е голем шампион, но и голем човек: Имаше специјален гостин во рингот и му го подари појасот (Видео)

Објавено

на

Тајсон Фјури уште еднаш докажа дека е најдобар боксер во тешка категорија и понуди уште еден спектакл на „Вембли“, но исто така покажа и класа која им ги стопли срцата на сите неутрални фанови.

Фјури ја оправда фаворитската улога и го нокаутираше Вајт со спектакуларен аперкат во шестата рунда, но покрај тоа што е голем шампион, демонстрираше дека е и голем човек.

Британецот имаше специјален гостин во рингот, на кого му подари и еден од своите освоени појаси како вистински крал во најтешката категорија.

Младиот 14-годишен Маршал Џенсон имал прва средба со Фјури минатата седмица, а животната приказна и трагедија до толку го трогнале боксерот, што решил да се погрижи за помош и трогателна сцена на „Вембли“.

Маршал поради менингитис на мала возраст останал без долните и горните екстремитети, па Фјури му ветил дека ќе му помогне да си купи протези кои ќе му го олеснат секојдневниот живот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни