Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд воодушевен од дефанзивецот на Барселона: Тој е нереален стопер

Објавено

на

Рио Фердинанд најчесто се огласува преку својот јутјуб канал и често има голем број познати гости, но повремено дава и интервјуа за медиумите од кои сепак ги добива вистинските прашња.

Легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед традиционално е доста критички настроен за играта во одбраната на неговиот омилен тим, а верува дека решение за сите проблеми ќе биде ангажман на елитно фудбалско име со големо педигре.

Фердинанд потенцира дека повредата на Лисандро Мартинез е голем минус за Ерик Тен Хаг, на кого во иднина му препорача од управата да бара имиња како Роналд Араухо од Барселона.

– Уругвајското момче во Барселона е неверојатно. Не знам дали е достапен за купување, или не, но Араухо е брилијантен. Тој е нереален стопер. Ги поседува сите атрибути за да биде перфектен во Премиер лигата.

– Би рекол дека тој е стоперот кој се издвојува во овој момент, но навистина не знам дали е достапен и дали може да се купи. Отсекогаш сум го велел истото. За да имате победнички тим, базата мора да ја градите од одбраната, – вели Рио за „Манчестер-ивнинг“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни