Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд предложи една важна промена во стартната постава на Јунајтед

Објавено

на

Рио Фердинанд е доста посмирен за разлика од други легенди на Манчестер Јунајтед како Рој Кин, Пол Сколс и Гери Невил, кои изминативе три дена не штедеа критики за бледата игра која ја прикажа тимот во воведното коло во Премиер лигата.

Фердинанд се разликува од нив по ставот дека Кристијано Роналдо сепак мора да остане во тимот, но сепак се согласува со тоа дека Фред и МекТоминеј веќе не смеат да бидат во стартната постава на новиот менаџер.

Рио му предложи една задолжителна промена на Тен Хаг во стартната постава на Јунајтед, односно му порача да го игра летното засилување Мартинез како последен играч за врска, а не како стопер.

– Што би променил во стартната постава? Во средината ќе го ставам Мартинез како последен играч за врска и ќе го извадам Фред. Во срцето на одбраната да играат Варан и Мегваер.

– Не би го бирал ниту МекТоминеј како стартер, ниту него, ниту Фред. Во едно сум сигурен, што и да се случи во блиска иднина, Јунајтед ќе се поправи и ќе биде подобар од првиот ден против Брајтон. Работите можат да одат само на подобро, – смирува Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни