Поврзете се со нас

Македонија

Феникс доби две засилувањa пред Купот на Македонија

Објавено

на

Екипата на Феникс 2010 порача дека ќе даде се од себе за да го освои Купот на Македонија кој и оваа година ќе се игра во СРЦ „Кале“, а во пресрет на овој настан скопскиот состав ги засили своите редови со две нови имиња кои пристигнаа од редовите на Куманово.

Нови играчи на Феникс се искусниот Марјан Јанески и американскиот интернационалец Илајџа Џоинер. Јанески долго време е на домашната сцена, има настапувано во доста клубово, а во новата средина доаѓа со бројки од 14.6 поени и 7.2 скока.

Џоинер пак во „сино-белиот“ на кумановци одигра три натпревари на кои во просек бележеше 14.7 поени, 5.3 скока и 5.3 асистенции.

Ривал на Феникс во четвртфиналето на Купот е составот на Гостивар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни