Поврзете се со нас

Формула 1

Фелипе Маса поднесе тужба, бара фантастична отштета!

Објавено

на

Photo: Ferrari Media Center

Правните застапници на Фелипе Маса потврдија дека во понеделник на 11 март 2024 година, направиле поднесок до Високиот суд за предметот во кој тој верува дека бил оштетен во 2008 година.

Случајот се заснова на минатогодишната изјава на поранешниот промотер Берни Еклстоун дека ФИА поседувала докази со кои би требало трката во Сингапур истата година да биде прогласена за неважечка, но не преземала никаква акција.

Аферата околу случувањата во Сингапур и станаа познати на јавноста откако Нелсињо Пике беше отпуштен од тимот Рено, па откри дека од него на таа трка било побарано намерно да се удри во ѕидот и да предизвика оштетување на болидот, како и излегување на возилото за безбедност. Таквата тактика му го донесе првото место на тимот кој еден круг претходно го повикал другиот возач во боксот и му монтирал пневматици, по што тој избил во водство додека другите заминале во гаражата.

Сезоната во 2008 година заврши со изедначена борба меѓу Фелипе Маса и Луис Хамилтон, при што на последната трка возена на патеката Интерлагос, Бразилецот мина прв низ целта како светски шампион, а триесетина секунди подоцна доаѓајќи кон целта британскиот возач го престигна Тимо Глок и благодарение на тоа успеа да освои бод повеќе од ривалот.

Ако се анулира трката од Сингапур, каде што Хамилтон бил второпласиран, Маса ќе биде светски првак за 2008 година.

– Бараме декларација дека ФИА ги прекршила своите правила и не го истражила случајот со излетувањето на Пике во Сингапур. На тој начин Фелипе Маса ќе беше светски првак, па затоа бара финансиска оштета поради грешката на ФИА, во која учество имаат и ФОМ (Formula One Management) и Берни Еклстоун. Обидот да се најде прифатливо решение за двете страни беше неуспешен и не остави друг избор освен започнување на правна постапка,- се вели во соопштението на Виеира Резенде Адвогадос, бразилската фирма што го застапува Маса.

Според британските медиуми, сумата што Маса ја бара како компензација за претрпената штета изнесува меѓу 60 и 150 милиони фунти.

Берни Еклстоун, кој на 28 октомври треба да наполни 84 години, го препушти бизнисот со ТВ правата од Формула 1 на новите сопственици од Либерти Медија во 2017 година, по повеќе од 35 години на чело од промотерската компанија. Сепак, неговото ланско интервју предизвика хаос, а тој потоа беше цитиран во медиумите дека не се сеќава дека тал таква изјава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни