АТП
Федерер откри каква луда анегдота имал на Ф1 трката во Мајами: Еден фан ме помеша со Надал, па…. (Фото)

Рожер Федерер минатата година стави крај на својата блескава кариера и принудно замина во пензија поради тешката повреда на коленото, а иако оттогаш го немаме видено на ниту еден тениски турнир, Швајцарецот е доста активен со јавни појавувања на други важни настани.
Федерер последно го привлече вниманието на Ф1 трката во Мајами и оттаму даде свои изјави за тениските актуелности, но две недели подоцна, откри и една анегдота која ги изнасмеа фановите.
Швајцарецот пред два дена одработи Твитер сесија со своите следбеници и им дозволи да му поставуваат интересни прашања, а едно од нив доби навистина несекојдневен одговор.
Рожер беше запрашан дали некогаш бил помешан од некој фан кој сакал да направи фотографија со него, по што тој откри дека токму тоа му се случило во Мајами.
– Ми се случи пред некој ден на Формула 1. Еден човек ме праша „Дали може да се сликам со вас господине Надал?“. Му кажав дека не сум Надал, а тој се извини и си замина без да направи слика со мене…..
happened the other day at the Formula 1. A guy asked "Can i have a picture with you Mr Nadal?". I told him I wasn't Mr Nadal. He apologized and left without taking a picture. 😂
— Roger Federer (@rogerfederer) May 23, 2023
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 14 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 12 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Италијапред 11 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 10 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 8 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 15 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 6 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)