Поврзете се со нас

АТП

Федерер: Ќе се појави неверојатен тенисер кој ќе не надмине сите тројца!

Објавено

на

Рожер Федерер беше вип гостин на Лејвер Купот кој изминатиов викенд се одигра во Бостон, а на кој тимот на Европа доминантно триумфираше против тимот на останатиот дел од светот.

Федерер кој е еден од творците на Лејвер Купот беше составен дел од претходните три изданија како член на Европа, но овојпат ги бодреше европјаните од трибините во „Ти-Ди Гарден“ и честопати се наоѓаше во фокусот на телевизиската камера. Легендарниот Швајцарец направи и трета операција на коленото во период од 18 месеци и вели дека негова цел е да се врати комплетно здрав и подготвен на теренот, бидејќи не планира да продолжи да игра само за да биде еден плус на АТП турот.

– Како и секој спортист, ќе го слушам своето тело и ќе знам кога е вистински момент за повлекување. Нема да бидам еден од оние кои ќе останат во спортот колку да се рече дека се тука. Сакам уште да играм, да се забавувам, да бидам на места кадешто не сум бил. Навивачите многу ми значат, но нема ни да го мачам своето тело. Мислам дека ќе знам кога е време за повлекување.

– Годината која ја имаше Ѓоковиќ е неверојатна, знам дека по Вимблдон тој рече дека секој од нас тројца ќе се обиде да освои што е можно повеќе. Зборуваше во свое име и не мислеше ништо лошо, но во актуелниот момент, мојот фокус е поинаков. Тој и Рафа сигурно размислуваат поинаку од мене, имав тежок и долг пат и имам друга перспектива. Секој од нас сака да освои што повеќе, но за мене, најголемо достигнување беше кога го достигнав рекордот на Сампрас од 14 грен слем трофеи и кога го минав во 2009-та година. Новак и Рафа имаат друга перспектива, – додава Федерер кој е уверден дека во иднина, ќе се појави тенисер кој ќе освои повеќе грен слем трофеи од „големата тројка“ која ја сочинуваат тој, Новак и Рафа.

– Неверојатно е што тројцата имаме по 20 грен слем трофеи, но мислам дека во иднина ќе се појави тенисер кој ќе не надмине. Не сакам да одземам ништо на нас тројцата, но мислам дека во денешно време, многу полесно е да доминирате на различна подлога. Подлогите во денешниот тенис се доста поблиску една на друга, во минатото, тенисерите тешко се прилагодуваа на различни подлоги. Играчите не бркаа грен слемови и рекорди како во денешно време. Ќе се појави нов неверојатен играч кој ќе ги надмине нашите 20 грен слем трофеи, но тоа нема да се случи преку ноќ, ќе биде потребна напорна работа, – смета Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни