Поврзете се со нас

Англија

Евра го впери прстот кон еден играч на Манчестер Јунајтед: Има лоши зборови за Погба, но никој не зборува лошо за…

Објавено

на

Манчестер Јунајтед пропушти шанса да се зацврсти на третата позиција со победа против Вест Хем и така растеретено да влезе во пресметката против Лестер која сега ќе биде доста напната.

На „Кинг Пауер“ дефинитивно ќе се одлучува за еден од патниците во најелитното европско натпреварување за следната сезона.

Патрис Евра по натпреварот во студиото на „Скај Спортс“ прстот го насочи кон Маркус Рашфорд кој беше доста лош на денешниот натпревар.

Французинот го одбрани неговиот сонародник, Пол Погба кој беше виновник за досудениот пенал за Вест Хем во финишто од првото полувреме.

– Знаев дека ќе биде тежок натпревар за Манчестер Јунајтед, но јас лично сум разочаран со некои од перформансите на играчите.

– Имаше жестоки зборови за Погба и за инцидентот со пеналот, но никој досега не кажа ништо лошо за Рашфорд. Имаше навистина очаен натпревар денеска, -изјави Евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни