Поврзете се со нас

Автомобили

„Еуроимпекс“ ја доби довербата на ПСА како увозник на Опел за пет земји

Објавено

на

Компанијата „Еуроимпекс“ која во Македонија досега беше позната како генерален увозник на возилата од брендот „Пежо“ денеска лиферуваше соопштение во кое објави дека потпишала договор со групацијата ПСА за застапување на уште еден бренд од ова семејство.

Станува збор за преземање на продажбата на Опел, кој пред неколку години беше купен и анексиран кон групацијата ПСА, а со овој договор „Еуроимпекс“ станува генерален увозник за пет земји: Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Оваа компанија од генерален увозник за Пежо во Македонија претходно достигна да го прошири своето застапништво за брендот на овие пет пазари, а сега во својата понуда ќе го додаде и Опел.

Се очекува одобрување од надлежните институции за заштита од конкуренцијата, по што ќе биде активиран новиот бизнис модел.

– Овој нов модел ќе допринесе нашите продажни планови во почитуваните земји, да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни. Длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија“, изјави Хавиер Дукемин, Извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Опел.

Во 2019 година, на териториите на овие земји биле продадени 2.500 возила од брендот Опел, поради што постојат оптимистички прогнози за реален пораст во продажбата со воведувањето на новиот модел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни