Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм се мачеше со Бутел, очекувани победи за Металург и Пролет

Објавено

на

Бутел и Еурофарм Пелистер го одиграа најинтересниот натпревар денеска од плејофот на македонската машка ракометна лига, а на крајот гостите победија со 26:29.

Гостите од Битола во првиот дел заработија предност од три гола, кои ги задржаа до крајот на средбата, па само се зацврстија на второто место, зад Вардар кој претходно денеска го победи Охрид и останува со три бода повеќе и перфектен учинок.

Металург не погреши против Струга и го доби натпреварот со 35:28, додека Тинекс Пролет беше подобар од вториот тим на Еурофарм со 27:25.

Во рамките на плејаутот, Прилеп го победи Работнички со 31:28, додека Тиквеш славеше на гостувањето кај Астраион со 18:37.

Табела: Вардар 27, Еурофарм П. 24, Т. Пролет 15, Металург 11, Бутел 11, Охрид 9, Струга 3, Еурофарм 2 2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни