Поврзете се со нас

Европски купови

Еурофарм Пелистер повторно се сопна на првата пречка: Нексе победи и во Битола и се пласираше во четвртфиналето

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер доживеа елиминација од второто по ранг натпреварувањена стариот континент, Европската лига, откако не успеаја да ја анулираат негативата од првиот натпревар против Нексе.

Во Нашице, Еурофарм загуби со три голови разлика, а иако многумина се надеваа на позитивен исход во Битола, тоа не се случи, а хрватскиот клуб и од „Боро Чурлевски“ замина со победа славејќи со 22:21.

Избраниците на Жељко Бабиќ тргнаа добро и на самиот старт имаа и потребна предност од четири голови, но како што се доближуваше крајот на првото полувреме Нексе играше се подобро и на пауза се замина во егал.

Во вториот дел Еуроарм Пелистер постигна само десет голови и не можеше да го најде решението за Михаил Радовановиќ кој собра 14 одбрани за гостинскиот тим.

Меѓу стрелците, кај победничкиот тим најдобар беше Јелениќ кој постигна пет голови, додека во Еурофарм  Пелистер се истакна Мандалиниќ кој постигна шест погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни