Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Еурофарм Пелистер немоќен на гостувањето кај Кјелце

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја уште еден пораз во групната фаза на Лигата на шампионите, а вечерва подобар од македонскиот првак беше Кјелце (35:25).

Избраниците на Бранислав Ангеловски се држеа солидно во поголем дел од првото полувреме, но домаќините направија разлика во финишот, па полскиот претставник уште на полувреме стигна до висока предност (18:13). Кјелце не само што не дозволи неизвесност во продолжението, туку си обезбеди и двојно поголема позитива и убедлива победа над Пелистер со доминација во вторите триесет минути.

Цехте со 7 и Пешевски со 5 голови беа најефикасни во редовите на македонскиот тим, додека во редовите на победникот се истакна Трастарсон со 7 погодоци.

За Еурофарм Пелистер ова е деветти пораз на исто толку одиграни натпревари во Лигата на шампионите.

Во истата група, денеска Кил го доби дербито со ПСЖ со резултат 26:24.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни