Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер ги започна подготовките, целта е да се донесе најмалку еден трофеј во Битола

Објавено

на

Еурофарм Пелистер денеска ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. Првиот дел „фармацевтите“ ќе го минат во Битола, а потоа ќе заминат во неколку држави на Балканот каде ќе одработат неколку тестови со словенечки и хрватски екипа пред да се вратат во Македонија каде исто ќе бидат закажани неколку пријателски натпревари.

Во овој момент ростерот останува истиот од првиот дел од шампионатот, а целта е да се донесе најмалку еден трофеј во Битола на крајот на сезоната.

-Бабиќ: Едвај чекам да почне сезоната и добро е што ќе имаме повеќе натпревари. Имаме многу играчи, широк ростер и многу ракометари кои помалку играа, па ќе добијат шанса напролет. Ќе биде тешко и психички и физички, но верувам дека сме подготвени за предизвикот. Спортски е да очекувам да освоиме барем еден трофеј на крајот на сезоната, -порача тренерот Жељко Бабиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни