Поврзете се со нас

Македонија

Еуро Никел втор патник во полуфиналето на Купот на Македонија

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Кошаркарите на Еуро Никел 2005 обезбедија билет за полуфиналето на Купот на Македонија и тоа откако во вториот четвртфинален меч во Битола славеа над Чаир 2030 со 87:79.

Доста интересна, борбена беше оваа пресметка во која на крајот подобро се снајдоа избраниците на Манев кои му се приклучија на МЗТ Скопје во наредната фаза на ова натпреварување.

Чаир ја доби првата четвртина со 26:17, но Еуро Никел возврати во ист стил и на пауза се замина со резултат 47:47. Вториот дел му припадна на Еуро Никел, третиот период со 22:18, четвртиот со 18:14 што беше доволно за триумф и сега мирно да може да го чека наредниот противник, подобриот од домаќинот Пелистер и Феникс 2010.

Смит со 28 поени и 9 скока беше прво име кај победникот, Роби и Мустафица со по 20 и 19 кошеви беа први стрелци кај поразените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни