Поврзете се со нас

Македонија

Еуро Никел се откажа од учество во Првата лига

Објавено

на

Поранешниот шампион на Македонија, Еуро Никел го откажа своето учество во Првата лига за натпреварувачката 2023/2024.

Главниот спонзор на клубот одлучи повеќе да не го финансира овој колектив, удар кој клубот не може да го поднесе и како што стојат работите ќе исчезне од кошаркарската мапа како некои други тимови во минатото како на пример Никол Ферт, Жито Вардар, Кочани Деликатес, Блокотехна…

Пред неколку дена ФИБА му изреше суспензија на Еуро Никел за ангажирање на нови играчи, па сите овие вест придонесоа составот од Кавадарци едноставно да не може да ги издржи обврски, поточно финансиските проблеми и сега играчи се слободни да си најдат нови средини.

-МКК Еуро Никел 2005 АД Кавадарци го откажува учеството во сите натпреварувања и категории во организација на КФСМ и сите членови на клубот, стручниот штаб и играчите во сите категории се ослободени од договорните услови со клубот да се приклучат во останатите клубови, -известија од Еуро Никел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни