Европски првенства
Епско полуфинале: Пранди постигна страшен гол од слободен удар во последната секунда, Франција ја победи Шведска
Франција и Шведска одиграа неверојатно полуфинале на Европското првенство во Германија, натпревар кој понуди страшен драматуршки заплет кога се чинеше дека е се завршено.
„Триколорите“ беа далеку подобри во првиот дел и го искористија помрачувањето на Швеѓаните кое траеше десет минути, па откако ривалот не постигна гол во тој период, Французите на полувреме заминаа со предност од 17:11.
И покрај убедливата предност, беше јасно дека актуелниот европски првак нема да се откаже, а во тоа брзо се уверивме уште во воведот на вториот дел. Одбраните на Паличка и убиствените контри брзо ја вратија Шведска во игра, па скандинавците и по вторпат поведоа на семафорот во 52-та минута.
Во самата завршница, Швеѓаните беа поблиску до победата и се чинеше дека веќе ја имаат во својот џеб, но иако водеа со плус два во последната минута, на крајот се случи вистинско чудо.
Франција успеа да постигне два гола во последните 60 секунди, од кои последниот беше по истечено време, односно од слободен удар кој беше означен како последна дозволена акција во регуларниот дел од страна на македонската судиска двојка, Николов-Начевски. Пранди ја презема одговорноста и испрати неверојатна „ракета“ во голот на Паличка, па со резултат 27:27 се влезе во дополнителни десет минути игра (две по пет).
Во овој период, грогираните Швеѓаните не можеа да се опорават од мајсторијата на Пранди, па психолошкиот товар си го направи своето и на крајот Франција со 7:3 во продолжението се пласираше во четвртото финале на Европските првенства (вкупни 34:30).
VXBXHEPDSOAIDXPXVDYDOZNEY
La rocket envoyée par Prandi c’est une FO-LIE. Il a explosé la cage je suis sous le choc. 🤯☄️ #FRASUE pic.twitter.com/xbVtO1gTvx
— MORDU2FUT (@Mordu2FUT) January 26, 2024
Prandi sends us to Extra Time with a rocket!! pic.twitter.com/9LVn8GIfcw
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 26, 2024
-
Репрезентација14 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства13 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација17 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства51 минута
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Репрезентација15 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор
-
Свет24 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси