Поврзете се со нас

Свет

Ендрик по победничкиот гол на „Вембли“: Ова е нешто уникатно…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OptaJoe

Бразил успеа да слави над Англија со 1-0 на пријателскиот меч на „Вембли“, меч кој беше одлучен со погодокот на тинејџерот Ендрик кој во иднина ќе го гледаме во дресот на Реал Мадрид.

Напаѓачот доби шанса во вториот дел и неколку минути по влегувањето се најде на вистинското место и стрелаше за водство кое на крајот се покажа како доволно за славје на „кариоките“. Со 17 години и 246 дена тој стана најмлад играч што постигнал гол на интернационален натпревар (на Вембли), момент кој дефинитивно донесе радост кај големиот бразилски талент.

-Моето семејство е тука, мојата девојка, моите агенти. Не сакам да плачам, се држам, но ова е нешто уникатно и многу сум среќен, -рече Ендрик кој доби комплименти и од селекторот, Доривал Жуниор.

-Ако го задржи ставот што го покажуваше досега, ќе биде многу важно име во бразилскиот и светскиот фудбал, -порача Доривал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни