Поврзете се со нас

Светски првенства

Емотивен крај: Датоме со солзи во очите последен пат ја испеа италијанската химна на СП (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Italbasket

Луиџи Датоме со многу емоции и солзи ја пееше италијанската химна за време на интонирањето пред натпреварот со Словенија, за кој се знаеше дека е последен во неговата блескава кариера.

Легендарниот Италијанецот по крајот на минатата сезона се повлече од клупско ниво, но најави дека Мундобаскетот ќе биде негов последен турнир во кариерата и денеска го одигра последниот меч.

Датоме не можеше да ги крие солзите и доживеа многу емоции додека се интонираше химната во Пасај, па видеото беше споделено и од официјалниот профил на ФИБА.

Луиџи става крај на кариерата со пораз од Словенија, но сите соиграчи му честитаа за неверојатниот придонес низ годините и за кариерата кој беше навистина блескава.

Датоме доби честитки и од словенечките колеги, па на крај имаше и насмевка на лицето кога го напушти теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни