Германија
Елмас со прв старт во дресот на Лајпциг, Кејн со хет-трик до 30.гол за Баерн (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас и неговиот РБ Лајпциг издвојуваа победа над Дармштад од 2-0 во средата од 25. коло во Бундеслигата.
Елмас конечно доби шанса да биде стартер и беше активен во првото полувреме кое фаворитот го реши со 1-0. Во вториот дел играчот кој влезе на местото на Елиф, австрискиот интернационалец Баумгартнер постигна уште еден гол и го завери триумфот на „биковите“ кои со 46 бода се на 4. место на табелата.
Баерн Минхен пак имаше неверојатно шоу против Мајнц и се избори за триумф од 8-1. Кејн дојде до третиот хет-трик во Бундеслигата ии вкупно до 30 гол во ова натпреварување. Во листата на стрелци се запишаа уште Горецка (2), Милер, Мусиала и Гнабри.
Со ова баварците одново ја вратија предноста во однос на третопласираниот Штутгарт (четири бода) и воедно се на минус седум од лидерот Баер Леверкузен.
На другите средби Аугзбург беше подобар од Хајденхајм (1-0), а Менхенгладбах и Келн ремизираа во драмата со шест погодоци (3-3).
-
НБА14 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет23 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига22 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија12 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија21 час
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)