Поврзете се со нас

Италија

Елмас одлично проби по левата страна и асистираше за водство на Наполи (Видео)

Објавено

на

Наполи има водство по 45 минути игра во Болоња, а еден од најзаслужните за тоа е македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас кој беше креатор на акцијата.

Македонскиот репрезентативец одлично проби по левата страна и точно го проигра својот соиграч Ирвинг Лозано, кој прецизно стрелаше во долниот лев агол за водство од 0:1.

Во дадениот случај, Елмас ја направи главната разлика со совјата индивидуална акција и добриот преглед на играта, потег кој може да биде многу важен во потерата по победа која ќе го остави тимот во трката за титулата.

Во истиот термин, Милан игра натпревар против Специја, а на полувреме и таму е резултатот 1:0 (стрелец на голот беше Леао).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни