Поврзете се со нас

АТП

Екс тренерот на Ѓоковиќ најавува титула за Надал: Подобар е од Новак во тој сегмент

Објавено

на

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер со својата последна изјава најави дека верува дека Рафаел Надал ќе биде новиот шампион на Австралија Опен.

За титулата на престижното натпреварување во Австралија, Надал ќе се бори против Русинот, Данил Медведев, а фановите на Ѓоковиќ се надеваат дека победата ќе ја однесе токму Медведев.

Доколку Русинот победи, Ѓоковиќ ќе падне од врвот на АТП Листата, меѓутоа пострашно за нив би било доколку Надал победи затоа што ќе стане првиот тенисер со 21 освоен Грен Слем.

Бекер верува дека Надал има предност пред се затоа што нема да игра со голем притисок во финалето.

– Мислам дека Надал не размислуваше за својот 21. Грен Слем пред полуфиналето. Тој е поопуштен од Новак и во тој сегмент е подобар.

– Надал е легенда во нашиот спорт. Пред два месеци беше неизвесно дали воопшто ќе може да продолжи да игра по тешката операција на скочниот зглоб, а потоа доаѓа во Австралија и го игра својот најдобар тенис.

– До сега велеше дека е среќен што може да игра тенис и што е во финалето, но тоа ќе се смени. Има два вечери до финалето и сигурно тогаш ќе размислува за 21. титула. Меѓутоа, Надал е апсолутно суперѕвезда и ќе може да го поднесе тоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни