Поврзете се со нас

Европски првенства

ЕХФ го најави утрешниот спектакл: Македонија и Франција ќе постават нов рекорд (Фото)

Објавено

на

Европското првенство кое се игра оваа година ќе се памети по најголемиот спектакл кој го подготвуваат Германците, кои за првпат во историјата решија да реорганизираат еден фудбалски стадион за ракометно првенство.

Среќата посака Македонија да игра во Дизелдорф и да биде дел од историскиот момент кој ќе се случи утре, кога нашите најсилни ракометари ќе ги одмерат силите со еден од фаворитите за титулата.

Франција ќе биде навистина тешка пречка за избраниците на Кирил Лазаров, но овој меч ќе остасне запишан во историјата како прв на кој се одиграл меч пред повеќе од 50 илјади гледачи.

ЕХФ преку официјалната страна го најави утрешниот историски ден и посочи дека повеќе од 53 илјади гледачи ќе бидат на трибините, со што ќе се урне рекордот од пред 10 години.

Досега најпосетен ракометен меч е оној Хамбург и Рајн Некар Левен кој во Франкфурт го гледаа 44.189 гледачи, но оваа бројка од утре заминува во историјата.

Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра во Дизелдорф од 18:00 часот, а историската посетеност ќе се префрли и на мечот меѓу Германија и Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни