Поврзете се со нас

Европски првенства

Едно име отпадна од комбинација: Лазаров го одреди конечниот список за ЕП

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација ќе настапи на престојното Европско првенство во кое за ривали во првата фаза ги имаме великаните Франција и Германија, плус селекцијата на Швајцарија.

Нашиот национален тим низ изминатиов период се подготвуваше, одигра и три пријателски средби (Црна Гора, Грција (2)) на кои оствари три победи, поточно селекторот Кире Лазаров имаше доволно време за да се одлучи со кои играчи ќе отпатува на континенталниот собор.

Вкупно 18 играчи ќе патуваат за Германија, односно од конечниот список отпадна само крилото Цветан Кузманоски. Лазаров верува дека Петар Атанасијевиќ ќе биде доволен на таа позиција лево крило, позиција која по потреба може да ја покрие и Иван Џонов.

За потсетување нашата селекција првата средба ја игра на 10 јануари против Франција, додека на 14 и 16 се соочуваме со Германците и Швајцарците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни