Поврзете се со нас

Лига на нации

Една голема утка и четири идентични реакции: Стерлинг се посрамоти против Италија (Видео)

Објавено

на

Англија и Италија одиграа реми без голови во Вулверхемптон, резултат за кој највиновни се голманите Рамздејл и Донарума, но и офанзивните фудбалери кои немаа свој ден.

Мечот кој заврши 0:0 донесе безброј шанси и многу акции и нависитна неверојатно е како не видовме барем еден гол, а причината за ова треба да се бара и кај Рахим Стерлинг кој уште еднаш презентираше колку може да биде деконцентриран пред противничкиот гол.

Стерлинг денеска беше и капитен на Англија, но дури и лентата не му ја донесе потребната самодоверба пред голот на Донарума.

Во 52-та минута, речиси сите ја видоа топката во голот на Донарума, но наместо таму, заврши на трибината на „Молину стадионот“ на кој обично играат „волците“.

Стерлинг реагираше катастрофално, а интересно е тоа што сите негови четири англиски соиграчи во шеснаесетникот имаа идентична реакција и се фаќаа за глава по утката на фудбалерот на Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни