Поврзете се со нас

Мото ГП

„Еден-два“ за Дукати: Милер победи, Бањаја го презема врвот по потопот на Квартараро

Објавено

на

Фабио Квартарато победи на двете трки кои се возеа во Херез минатата година, па иако денеска се навестуваше дека ќе стигне до посакуван хет-трик на оваа патека, неверојатните проблеми кои настанаа на средина на трката го оставија без посакуваната цел.

Младиот возач на Јамаха во првите 10 круга немаше никакви проблеми и создаде разлика од речиси две секунди во однос на Џек Милер, но кога се чинеше дека повторно се одлепи од конкуренцијата, почна да се случуваат чудни работи со неговиот мотоцикл. Французинот ги истроши гумите на својата Јамаха и почна да пропаѓа во поредокот, па на крајот падна дури до 13-то место, со што го загуби и водството во генералниот пласман.

Џек Милер стигна до својата прва победа во Мото ГП на сува патека, додека Бањаја се погрижи за прва еден-два победа на Дукати по пауза од цели 14 години.

Со овој голем успех на италијанскиот тим и големиот потоп на Квартарато кој е губитник на денот, Бањаја изби на чело во генералниот поредок, а веднаш по трката изјави дека шампион ќе биде оној кој ќе биде најконстантен и кој најмногу пати ќе се појави на генералниот пласман. Со две втори и едно трето место во првите три трки, Бањаја сега е лидер во Мото ГП, што е најава за возбудлива сезона во „кралската класа“, исто како што беше и минатата година.

На подиумот, денеска се искачи и Франко Морбидели и тоа е голем успех ако се земе во предвид дека беше најдобар од Јамаха со сателитскиот мотоцикл, а зад него се најдоа Накагами, Мир, Еспаргаро, Вињалес и Зарко, додека топ 10 го комплетираа двајцата возачи на Хонда. Марк Маркез напредуваше шест места и заврши деветти, а зад него се најде Пол Еспаргаро. Покрај ужасниот ден за Квартарато, ново кошмарно попладне имаше Валентино Роси кој заврши 17-ти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни