Поврзете се со нас

АТП

Џумхур: Секој може да победи кога не игра Ѓоковиќ, се знае кој е „GOAT“

Објавено

на

Најквалитетниот шпански тенисер, Рафаел Надал успеа да дојде до рекордната 21. грен слем титула во каиерата и тоа откако по еден вистински маратон и драма кој траеше повеќе од пет часа и вкупно пет сета славеше над Данил Медведев.

Ова за Надал е огромен резултат, успех со оглед на низ што поминуваше во изминативе месеци во кои имаше проблеми со стапалото и дури на почетокот на оваа година официјално се врати на терените. Овој негов успех донесе многу радост кај сите негови подржувачи, но и разочарување кај оние што го поддржуваат Новак Ѓоковиќ кои се уште жалат што Србинот не доби шанса да ја брани титулата во Мелбурн.

Голем подржувач и пријател на Ноле е најдобриот тенисер од БиХ, Дамир Џумхур кој по триумфот на Надал го даде следниов коментар на социјалните мрежи.

-Секој може да освои грен слем титула кога Новак не игра. Ѓоковиќ и понатаму е „GOAT“ (најголем на сите времиња), -порача Дамир кој сега е на 152 место на АТП листата што е далеку од најдобриот негов пласман (23 позиција).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни