Поврзете се со нас

Боречки спортови

Џошуа со еден удар го „заспа“ противникот и брутално одговори на свирежите во Лондон (Видео)

Објавено

на

Антони Џошуа во последно време доби статус на неатрактивен боксер бидејќи последните три борби ги носеше до последната 12-та рунда, а таквиот пристап му донесе и свирежи во „О2 арената“ во Лондон.

Домашниот боксер успеа да ги надмине ваквите провокации од трибините и остана доволно смирен во борбата со Роберт Хелениус, која за него треба да претставува подготовка за толку најавуваната борба со Денонтер Вајлдер.

Ветеранот Хелениус пред една година претрпе нокаут од Вајлдер во првата рунда, но иако овојпат се покажа во подобро светло, сепак еден удар на Џошуа ја реши борбата.

Антони изведе чисто кроше и со брутална сила го кутна високиот Финец на земја, по што веднаш беше јасно дека борбата е завршената.

Џошуа со оваа победа ќе стекне самодоверба за следниот голем предизвик во кариерата, па сега останува да видиме кога ќе биде закажана мега-борбата со Вајлдер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни