Поврзете се со нас

Боречки спортови

Џошуа го „уништи“ Нгану, па воодушеви со својата изјава: Тој е инспирација за сите

Објавено

на

Фото. https://twitter.com/anthonyjoshua

Антони Џошуа испорача моќен нокаут во дуелот со Френсис Нгану и го доби соочувањето во рингот со поранешниот УФЦ борец, но подоцна реши да го охрабри својот последен ривал.

Британскиот боксер го нокаутираше Нгану во втората рунда на борбата во Ријад и јасно покажа дека се уште има сериозен потенцијал, додека Камерунецот доживеа и втор пораз откако претходно на контроверзен начин загуби од Тајсон Фјури.

По битката во Ријад, Џошуа го охрабрил ривалот да продолжи со боксерските предизвици.

– Првично мислев дека неговата борба против Фјури е само поради забава, но кога го видов во рингот, помислив дека и јас сакам да бидам дел од тоа.

– Тој е инспирација и голем шампион, овој резултат не значи ништо во однос на неговите можности. Му реков дека не треба да се откаже од боксот, точно е дека загуби два дуела, но се бореше против најдобрите. Тој е одличен борец, – изјавил Џошуа.

Џошуа со брутален нокаут го „заспа“ Нгану во втората рунда, Камерунецот се освестуваше со кислородна маска (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни