Поврзете се со нас

НБА

Џордан: Кари е блиску, но не е најдобар плејмејкер во историјата на НБА

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/MagicJohnson

Американските новинари специјализирани за НБА лигата одвреме навреме ја актуелизираат темата за најдобар играч во историјата на одредена позиција, а сега тоа се случи откако Стеф Кари во еден подкаст „скромно“ потврдил дека тој го има приматот за најдобар плејмејкер во историјата на НБА.

„ЕСПН“ во своја емисија го отвори ова прашање, а новинарот Стивен Смит се сложи со ваквиот став на Кари, поради што доби и коментар преку порака од легендарниот Мајкл Џордан, кој очигледно сакал да се слушне и неговото мислење.

Според Ем-Џеј, Кари навистина е меѓу најдобрите во историјата, но позицијата број еден му припаѓа на неговиот добар пријател, Меџик Џонсон.

– Добро утро, господине. Иако секогаш ќе се дебатира за најдобриот во било што, моето мислење за најдобар плејмејкер во историјата се разликува од вашето.

– Меџик Џонсон е убедливо најдобриот во историјата, Стеф Кари е блиску, но никако и пред него. Треба да го дефинирате поимот плејмејкер за посериозна дебата. Кари е најдобар шутер на сите времиња, но Меџик го измисли трипл-дабл учинокот, го направи важен на натпреварите, а тоа е статистика важна за плејмејкерите ако сакаме да бидеме реални.

– Меџик беше најдобар, знам дека ми ја разбирате поентата, притоа тој освои и пет титули, – му напишал Џордан на новинарот Стивен Смит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни