Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Две големи пресметки во осминафиналето на ЛШ

Објавено

на

Попладнево во седиштето на УЕФА во Нион (Швајцарија) се одржа ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите, а оваа фаза ќе донесе интересни дуели од кои дефинитивно се издвојуваат два-тоа се Атлетико Мадрид-Баерн Минхен и Пари Сен Жермен-Манчестер Јунајтед.

Ова се битките кои ќе ја одбележат оваа рунда, рунда во која ќе се надмудруваат Диего Симеоне и Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник и Маурусио Покетино кој да не се заборавиме медиумите долго време го поврзуваат со клубот од „Олд Трафорд“.

На останатите парови имаме очигледни фаворити како Реал, Сити, Ливерпул, Јувентус и Челси, ама тоа ќе треба да го потврдат на теренот.

Првите средби ќе се играат на 15/16/22/23 февруари, додека пак реваните се на програмата 8/9/15/16 март.

Осминафинални парови:

Бенфика-Реал Мадрид

Вилјареал-Манчестер Сити

Атлетико Мадрид-Баерн Минхен

Салцбург-Ливерпул

Интер-Ајакс

Спортинг Лисабон-Јувентус

Челси-Лил

ПСЖ-Манчестер Јунајтед

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни