Поврзете се со нас

Франција

Дугари повторно напаѓа, овојпат на „менито“ е Мбапе: Тоа што го направи е скандалозно

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Кристоф Дугари стави посебен акцент на заладениот однос кој го имаат Луис Енрике и Килијан Мбапе, па ако пред една недела распали по шпанскиот стручњак, сега истиот рецепт го примени и за својот сонародник.

Поранешниот светски шампион не е задоволен од однесувањето на големата ѕвезда која се чини дека има постигнато преддоговор со Реал Мадрид, бидејќи според него, тој не смеел да одговори на одлуките на Луис Енрике какошто го направи тоа на мечот со Монако кој се играше во петокот.

Мбапе беше изваден на полувреме и се смешкаше на одлуката која ја донесе тренерот, по што не се врати на клупата за резерви и замина на трибините во вип ложата.

– Првпат еден тренер во ПСЖ има мадиња да го извади Мбапе од игра. Веќе кажав дека Мбапе не му се допаѓа на Луис Енрике, а и потезите на тренерот се провокативни. Она што ме чуди се неговите објаснувања. Го вади Мбапе, но треба да докаже дека тимот е подобар без него.

– Од друга страна, тоа што го прави Мбапе е скандалозно и еднакво на циркус. Тој е капитен на тимот, капитен на репрезентацијата, но треба да се однесува така. Луис Енрике има право да го извади, а тој не смее така да се однесува. Што направи кога беше изваден? Се смешкаше, правеше селфиња, се шеташе околу стадионот и беше на трибините. Каков циркус и каква глупост од негова страна, – гласи изјавата на Дугари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни