Поврзете се со нас

Свет

Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)

Објавено

на

Бразилецот Фернандињо одбележа една фудбалска ера во Манчестер Сити и на крајот сосема заслужено ја носеше капитенската лента на „граѓаните“, па иако беше убедуван од Пеп Гвардиола да остане уште една сезона, тој реши дека е време за збогување.

После девет години во Манчестер Сити и цели 17 во Европа, Фернандињо се врати во својата родна земја, или поточно во матичниот клуб Атлетико Паранаенсе.

– Враќањето во Атлетико Паранаенсе е моја желба. Сакав да ја завршам кариерата во овој клуб и така ќе биде. Сакам мојот фудбалски пат да се памети по играњето во три клуба, – изјави Фернандињо.

Играчот за врска кариерата ја почна во Паранаенсе, потоа играше за Шахтјор, пред да направи милионски трансфер во Манчестер Сити во 2013-та година.

– Кога ќе погледнам назад, можам да кажам дека сум задоволен од тоа што го постигнав. Сега ви доаѓа еден дедо кој ќе се обиде да им помогне на младите да напредуваат и да созреат, ќе се обидам да ги натерам да сфатат дека имаат квалитет да играат на највисоко ниво, – со насмевка изјавил Фернандињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни