Поврзете се со нас

Свет

Дончиќ со генијална асистенција го збуни и својот соиграч (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/kzs_si

Во завршната контролка за Светското првенство, Словенија ја декласираше Јапонија со резултат 103:68 и тимот предводен од Лука Дончиќ ќе иде со подобра самодоверба на мундијалот, на кој додпрва треба да се види кој е вистинскиот квалитет на оваа селекција.

Словенците се забавуваа на теренот против јапонските ривали и си приредија најдобра увертира за турнирот кој започнува на 26-ти август, но иако во листата на поентери се запишаа голем број играч, Лука повторно беше лидер.

Ѕвездата на Далас како капитен на Словенија ќе има уште позначајна улога во тимот, а рано утрово издоминира со 23 поени, 7 скокови и исто толку асистенции.

Една од нив сепак беше посебно спектакуларна, а истата беше до толку неверојатна, што го збуни и неговиот соиграч кој беше во рекетот.

Мајк Тоби се исплаши од додавањето кое го режираше Лука, но истото беше генијално и заврши со тројка на Цебашек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни