Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ промаши зицер кога беше најпотребно, па се „фати за гуша“ со провокаторот Букер (ВИДЕО)

Објавено

на

Далас Маверикс со супер возбудлив и ефикасен меч претрпе пораз од Феникс Санс од 130-126 во првата средба со која се отвори програмата во НБА лигата.

Средбата во Тексас беше неизвесна до самиот крај и малку фалеше да гледаме дополнителни пет минути, но промаши чист зицер по што направи фаул над Дурент. Словенецот беше разочаран, вознемирен, а тоа го искористи Букер кој му дофрли нешто по што младите ѕвезди „се фатија за гуша“.

Добро е познато дека овие двајца како и Далас-Феникс имаат своја историја и секогаш е напнато, има провокации, ниску удари и ќе биде интересно ако овие два состави се соочат одново во плејофот.

Лука и Девин добија технички, Дурент ги реализираше двете слободни и на тој начин за потврди победата на „сонцата“.

Кеј-Ди уфрлии 37 поени, додека еден помалку имаше Букер. Кај поразените дуото Дончиќ-Ирвинг искомобинира 64 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни