Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ продаде „роденденска финта“, противникот не знаеше каде е топката (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ беше посебно расположен за игра на гостувањето кај Торонто, а причина за тоа беше фактот што еден ден претходно го прослави својот роденден.

Словенецот наполни 25 години и со голема мотивација влезе во мечот со Рапторси, па навистина не чуди фактот што истиот го заврши со трипл-дабл.

Дончиќ испорача 30 поени, 11 скокови и 16 асистенции, но режираше и магични потези кои дефинитивно беа истакнати од американските новинари.

Лука уште еднаш режираше вонсериско додавање без да гледа какошто веќе ги навикна фановите, но посебно воодушеви со еден дрибилинг по кој чуварот не знаеше каде е топката.

Дончиќ му продаде „роденденска финта“ на Потл, а за понудената атракција доби поздрав и од навивачите на Торонто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни