Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ и Марјановиќ заиграа оро на паркетот, Американците се прснаа од смеа (Видео)

Објавено

на

Далас во драматичен натпревар успеа да го победи Бостон благодарение на Лука Дончич кој беше херој со двете тројки во последните 15 секунди од мечот кој беше решен со звукот на сирената (110:107), епилог кој само уште еднаш ни потврдува дека Словенецот поседува специјален кошаркарски квалитет.

Раскошниот талент на Лука доаѓа до израз се почесто во НБА лигата, но тој го привлекува вниманието на Американците и со својата едноставност, скромност и искреност, одлики кои обично ги дели со својот најдобар пријател во соблекувалната.

Дончиќ и Боби Марјановиќ едноставно се неразделни во Далас и важат за најдобри пријатели, а синоќа пред мечот со Бостон, на американската јавност и приредија урнебесно шоу по кое Американците прснаа од смеа.

Лука и Боби одиграа балканско оро на паркетот за време на загревањето и интересно е што им се приклучија и неколку соиграчи, сцена која ги изнасмеа и Шекил О’Нил и неговите колеги во студиото на „НБА ТНТ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни