Поврзете се со нас

Формула 1

Доминација на Ред Бул на Сузука, Ферстапен освои уште една пол-позиција

Објавено

на

foto:twitter.com/Max33Verstappen

Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата и за Формула 1 трката во Јапонија, а Ред Бул го резервираше и првиот ред, откако Серхио Перез доцнеше само 0,066 секунди и ќе стартува веднаш зад клупскиот колега.

За актуелниот светски шампион, ова е четврта пол-позиција на исто толку трки сезонава, а вкупно 36. пол-позиција во кариерата.

Ландо Норис беше третиот најбрз возач утринава на патеката Сузука, оставајќи го зад себе Карлос Саинц од Ферари, кој најавува уште една битка за подиум на утрешната трка.

Од третиот ќе стартуваат Фернандо Алонсо и Оскар Пјастри, Хамилтон и Леклер се во четвртиот ред, додека Расел и Цунода се последните двајца возачи кои се најдоа во третата квалификациска сесија и не успеаја да се изборат за подобра стартна позиција.

Во пресрет на трката, Ферстапен е на чело на поредокот со 51 поен, а следуваат Леклер и Перез со 47 и 46 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни