Поврзете се со нас

Репрезентација

Добри вести: Пресметките со Грузија и Бугарија ќе ги гледаме на МТВ

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација е пред два нови предизвици во Лигата на нации, дуели против Грузија и Бугарија кои се закажани за утре (Тбилиси) и за 26 септември (Скопје)

Овие две средби ќе можеме конечно да ги гледаме на националниот сервис (МТВ). Имено уредникот на спортската редакција, Драган Николовски ја информираше јавноста дека се обезбеди директни преноси на мечевите кои се важни за нас, натпревари по кои ќе знаеме дали ќе имаме можност да напредуваме во повисока конкуренција во ова натпреварување.

Веќе некое време националниот тим го гледавме на „Спорт Клуб“ или „Арена Спорт“, па ова дефинитивно е една убава вест за сите љубители на спортот и фудбалот во нашата земја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни