Поврзете се со нас

Македонија

Добра подготовка за Купот: МЗТ испорача над „сто“ против ФМП Академија

Објавено

на

Поради обврските во АБА лигата, МЗТ во последно време го затвора речиси секое натпреварувачко коло во македонската кошарка, па таков е случајот и овој понеделник.

Македонскиот првак оваа вечер му гостуваше на тимот на ФМП Академија, а како што се очекуваше, одигра доста релаксиран натпревар во кој до израз дојдоа офанзивните карактеристики на двата тима.

Во меч во кој беа постигнати 188 поени, МЗТ славеше победа од 86:102 и испорача „стотка“ на гостувањето во главниот град, задржувајќи го првото место во домашното првенство пред она што следи.

Програмата во македонската кошарка вели дека во наредните неколку дена ќе се игра Купот, а МЗТ и Кожув ќе го отворат завршниот турнир со својата пресметка на 16-ти февруари.

Што се однесува до денешниот меч, Пандев со 19 поени беше најефикасен кај МЗТ, Робев придодаде со 18 поени, додека кај ФМП најдобар беше Василевски со 15 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни