Поврзете се со нас

Италија

Дирекот спречи одличен гол на Елмас, Осимен се најде на вистинско место (Видео)

Објавено

на

Наполи продолжи по својот пат кон титулата во Серија А и останува главен фаворит за Скудетото, бидејќи Елиф Елмас и соиграчите успешно го минаа и гостувањето во Салерно.

Избраниците на Спалети доста се мачеа во првото полувреме за да го урнат бедемот поставен пред голот на Очоа, но една добра комбинација по левата страна заврши со гол пред да се замине на пауза.

Ангиса и Руи одлично комбинираа и топката заврши до Ди Лоренцо, по што дефанзивецот биеше извонредно за 0:1 во 48-та минута од првото полувреме.

Со водство од 0:1 се замина на 15-минутна пауза, а веќе на стсартот на вториот дел, Елиф Елмас беше креатор на акција по која Наполи зголеми на 0:2.

Македонецот немаше среќа и дирекот спречи да видиме одличен гол, но добра вест беше што Осимен се најде на вистинско место и одбиената топка ја спроведе во мрежата.

Елмас беше стартер и го одигра цел натпревар против Салернината, по кој Наполи отиде на „плус 12“ од Милан кој допрва треба да го одигра својот меч од оваа рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни