Поврзете се со нас

Европски првенства

Димитријевиќ: Разочаран сум поради тоа што се случи, можеме да играме на високо ниво и на следните натпревари

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација со пораз од Естонија од 74:69 го започна квалификацискиот циклус за Европското првенство кое се игра во 2025 година.

Нашиот национален тим имаше добри и лоши моменти на средбата во СРЦ „Кале“ и впечатокот е дека можевме да дојдеме до подобар резултат ако не беше повредата на нашиот најдобар играч Ненад Димитријевиќ.

-Силен грч, прв пат ми се случува оваа сезона. Разочаран сум што мораше да ми се случи токму денеска. Искрено сум разочаран за она што се случи, -истакна Димитријевиќ кој е оптимист и верува дека оваа селекција ќе расте, напредува како ќе одминува времето.

-Тежок натпревар, знаевме дека ќе играме со квалитетна естонска селекција. Ги знаевме нивните квалитети, одигравме одлично прво полувреме, но потоа загубивме сила во второто полувреме. Имаме и втор меч, имаме и уште други натпревари против Полска и Литванија така што ќе продолжиме со натпреварување. Сигурно нема да се откажеме. Создадовме добра енергија, квалитетно работевме во овој период, креиравме одлична хемија во тимот и тоа ни дава верба дека можеме да играме на високо ниво и на следните натпревари, -заклучи плејмејкерот.

Наредната средба за нашите кошаркари е против Полска на гостински терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни